Реакциите за 15 метарскиот крст во дворот на црквата на Попова Шапка не само што се претерани по сите основи туку се и израз на непочит, крајно лицемерие и двојни стандарди од страна на албанските политички фактори во Македонија, реагира на Фејсбук лидерот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов.
Тој потсетува дека токму на Попова Шапка врие од бесправно изградени објекти, дека бесправно е изградена и четирикатна џамија со 20 метарско минаре…
Ангелов вели дека живееме во период кога низ државата бесправно се изградија повеќе споменици, кули и “музеи” на УЧК, некои од нив “украсени” со карти на Голема Албанија, во период кога при пречек на високи гости од Косово се мавта со знамиња на Голема Албанија и знамиња на соседни држави без притоа да се истакне и македонското знаме, во период кога се заговара пуштање на химната на Албанија во училиштата во Македонија, конкретно во Тетово…
Вели дека убаво е да се зачува смиреноста, убаво е да не се наседнува на провокации, но се поставува прашање што ќе биде следно ако не пружиме агресивен отпор од наша, македонска страна?
Затоа, ги предупредувам албанските политички фактори во државата, никако да не ги споменуваат зборовите “отстранување” или “рушење” во иста реченица со крстот на Попова Шапка.
Во спротивно, јас како граѓанин, со некои мои пријатели од 2001-та ќе организирам негова одбрана.
А, вие пробајте да го срушите“, предупредува Ангелов.







