Според јапонската асоцијација на туристички агенции (ЈАТА), која промовира помалку познати туристички дестинации, Охрид е еден од најубавите градови во Европа.
Лондонски „Телеграф“, со потенцирање дека бил избран само еден град од Британија, го објавува списокот на предложените дестинации од ЈАТА.
За Охрид, сместен на крајбрежјето на Езерото кое го носи истото име и е единствен меѓу 28-те градови кои се наоѓа на списокот на УНЕСКО заштитени и како културно и како природно богатство, се вели дека е познат и како едно од најстарите живеалишта во Европа.
На списокот кој го објавува „Телеграф“ се наоѓаат и албанскиот град Берат, Копривишта во Бугарија, Котор во Црна Гора, Ровињ во Хрватска и Пиран во Словенија.




