Институтот за демократија, човекови права и дигнитет од Скопје јавно им се обрати на Владата и на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за огласот за вработување во кој се бара познавање на непостоечки „северномакедонски“ јазик.



„Бараме одговор од македонската влада и фирмата ‘Бехтел Енка’ зошто во огласот за вработување за работното место ‘водач за односи со јавноста’ е наведен официјалниот јазик на земјата како „северномакедонски мајчин јазик“, а не македонски, согласно закон?

Зошто во албанската верзија македонскиот јазик е наведен како ‘мајчин јазик на Република Северна Македонија’ и зошто во огласот за вработување од ‘Бехтел Енка’ македонската верзија е последна, по англиската и албанската?

Огласот за вработување е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците, ги дискриминира Македонците и треба веднаш да биде отстранет или корегиран“, се вели во реакцијата на Институтот.