ИВЗ: Крстот на Шапка е злонамерно поставен да покаже супериорност! – Провокација е, што создава меѓуверска и меѓуетничка напнатост!

„Исламската верска заедница во * Македонија реагираше на предлогот крстот да се постави на Попова Шапка (преименувана со албански топоним „Кодра е диелит“ – „Рид на сонцето“ – заб.прев.) кај Тетово. Оваа верска институција се спротивставува на поставувањето на крстот и вели дека со ова би се поттикнале меѓуетничка и меѓуверска напнатост во земјава.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА .



Натаму ИНА пренесува: „Исламската верска заедница на РМВ останува изненадена од појавата на крстот на „Ридот на Сонцето“ кај Тетово, па затоа го сфаќа како чин со лоша намера, кој предизвикува меѓуверска и меѓунационална напнатост.“

Верските објекти се потреба на верниците. Со изградбата на џамијата и црквата порано беа задоволени потребите на христијанските и муслиманските верници. Оттука, секој верски објект што е подига, за да покаже супериорност, или како провокација, навистина не ѝ служи на главната цел кон – Бога. Крстот поставен на ‘Ридот на сонцето’ е провокација и како таков во овие моменти влијае негативно врз меѓучовечките односи. Изградбата на кој било верски објект треба да биде во служба кон Бога, зближувањето меѓу луѓето, кон мирот и соживотот.“ – се вели во реакцијата на Исламската верска заедница на * Македонија.