Власта планира да потроши повеќе пари од што има на располагање – на што ќе крати?!

Власта планира да потроши повеќе пари од што има на располагање. Предлог буџетот за 2024 година според Владата треба да изнесува 5,5 милијарди евра, но во каледарската година од Илинденска број два велат дека ќе соберат пет милијарди евра во државната каса, објави Денар. Математиката е лесна и вели половина милијарда евра недостасуваат за да се исполнат сите цели за следната година. Но, тоа не е проблем за ниту една Влада, пари во банките секогаш има.



Првичните реакции за Предлог буџетот за 2024 година се за стапката на економски раст и за капиталните инвестиции. Секако претпазливост мора да се има и за инфлацијата која континуирано се намалува. Со своја оценка излегоа и од Меѓународниот монетарен фонд од каде што истакнаа дека очекуваат економијата во земјава да се опоравува и полека да започне да испорачува економски раст чија висина ќе се доближува до европскиот просек. Во 2024 година од ММФ очекуваат да се зголеми домашната побарувачка, а таа да биде поддржана од засилувањето на јавните инвестиции, пред се проектите за изградба на автопатиштата на коридорите 8 и 10д.

Надворешната трговија оценуваат дека е драстично подобрена во однос на ланската година што според нив е резултат на намалувањето на цените на енергенсите на глобално ниво. Од ММФ апелираат да се продолжат реформите во даночната политика и да се прошири даночната основа за данок на личен доход, и данокот на добивка. Дополнително монетарците сугерираат дека е потребно да се намалат ослободувањата од ДДВ и да се зголемат акцизите.

„ММФ ги поддржува намерите властите да го намалат буџетскиот дефицит следната година. Оваа година очекуваме властите да успеат да ја исполнат номиналната буџетска цел која сега е еднаква на 4,7 проценти од БДП, поддржано од неодамнешниот данок за солидарност и даночната политика. Ние целосно ги поддржуваме намерите на Владата да предложи буџет кој ќе биде козистентен со фискален дефицит во износ од 3,4 проценти во 2024 година. Инфлацијата се намалува благодарение на затегнување на монетарната политика и норамлизирањето на цените на храната и енергенсите на глобално ниво. Сепак и натаму се актуелни нагорните ризици од инфлацијата.“

На бизнис секторот им е важно да се реализираат предвидените капитални инвестиции за кои Владата идната година планира да инвестира над 700 милиони евра. Доколку повторно се пренаменат парите кои се предвидени за изградба на патишта, болници, училишта, подземна инфраструктура, инвестиции во иновации и претприемништво и се дадат за популизам, економијата не може сама од себе да се зголемува. Од Сојузот на стопански комори велат дека македонската економија има капацитет да биде поконкурентна од сегашното ниво. Местото на домашната економија не и е на дното на Западен Балкан. Повеќе на Денар.мк.