Стоилковски најави тужба за апологет на СДСМ и брат на судијка

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски најави тужба за апологет на СДСМ и брат на судијка кој денеска го обвини дека скришно фотографирал граѓани кои ваделе пасоши на јавна локација.



Стоилковски смета дека Боби Илиевски под закрила на семејна заштита шири лаги и невистини и навреди за него и затоа ќе биде тужен.

,,Боби Илиевски сега ќе јаде дебела тужба за клевета и навреда.

Не му е прв пат, а како тргнале со тужби, не мислам да им простувам.
Боби Илиевски апологет на СДС шири лажни вести и навредува, веројатно под лажниот плашт на заштита од семејството.

Имено, сестра на Боби Илиевски е судија Оља Ристова, онаа што ги осуди фотографите од МВР, за потоа да кажува дека главата на акцијата Пасоши за Мафијаши не биле опфатени со делото(!?)

Па судија Оља Ристова сега нека му објасни на брат и дека:

1. Лаже за локација
2. Лаже за намерата со која стојам со телефон на јавна површина
3. Навреда е Психо
4. Ако го ослободат од тужба, Оља Ристова ќе биде дел од серија јавни пресови дека извршила тешко влијание врз судот за да го спаси бате од искажани тешки навреди и клевети!

А сега Боби Илиевски нека ги поздрави Оливер Спасовски и неговите што ме сликаа додека бев на работа, па смислуваа навреди 🙂

*Никој нема да ме одврати од тужба, согласно репликата за цевки од Среќна нова”, пишува Стоилковски објавувајќи копија од постот на Илиевски.

Стоилковски денеска направи видео од местото каде што сега граѓаните вадат пасоши.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02QRcJjZTvRWSkdMH536s12sgdHUivGPwQZ2H5QprA61E8YpHjEXUnx6eVGDjqmC2fl&id=542940498&mibextid=Nif5oz

Боби Илиевски е брат на судијката која што денеска изјави дека изборот на судии за скопскиот апелационен суд е скандалозен а претходно објави дека во случајот Двојник Пасоши не се гонети организаторите на криминалот вреден најмалку 4 милиони евра.

Судијката што кажа дека не се гонат шефовите во аферата ,,Пасоши”: Скандалозен избор на судии во скопска апелација