Груби знае дека нема да биде следниот премиер

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби во денешната изјава за медиумите демантираше некои гласини дека тој би можел да биде идниот премиер.



„Не се гледам себеси како иден премиер, не верувам дека јас сум следниот премиер и всушност знам дека јас не сум следниот премиер на Владата на Република Северна Македонија“, изјави Груби за медиумите.

Груби рече дека согласно коалцискиот договор следниот премиер треба да биде предложен од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и смета, како што рече, дека сите пратеници ќе го поддржат следниот кандидат или ќе ја поддржат следната кандидатка.