Пред пунктот за промена на лични докумети без закажување што официјално почнува со работа од денеска во просториите на Полициската станица „Пролет“ во Општина Кисела Вода, веќе има редица од луѓе, јавува Плусинфо.
Пунктот е наменет за сите граѓани кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак терминот им е после 12 февруари наредната година.
Според првичните информации, почнале да работат само со три кабини, но откако пред пункотот се направи гужва, службениците ги отвориле сите 12 кабини за сликање. Најупорните чекаа и по три часа за да стасаат на ред.
Досега се заменети над еден милион пасоши, 900 илјади лични карти и 480.000 возачки дозволи, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на новиот пункт за вадење лични документи во полициската станица „Пролет“.







