Од Скопје до Гевгелија малку со воз, малку со автобус

Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железнички товарен и патнички сообраќај е во прекин.



Сепак, како што информираат од Македонски железници, патничкиот сепак ќе се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз.

Од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак.

Од наведените железнички станици – Градско и Криволак, патниците ќе се превезуваат со автобуски превоз.

Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот планираат да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи.