Коментирајќи го митингот во неделата, Јероним, лидерот на Грчката православна црква изјавил дека само 9 од 82 епископи од Светиот Синод присуствуваа на митингот во неделата.
Лидерот на Црквата во Грција тврди дека црковните бискупи донеле успешна одлука според која не го прифаќаат ниту терминот Македонија ниту некои деривати од тој збор во името на северниот сосед.
Тој повика на претпазлив став, единство и трезвеност со цел да се види какви чекори и акции ќе треба да се преземат во врска со ова прашање.
Архиепископот ги повика верниците да се воздржат од учество во митинзи по неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас минатата недела.





