Ќемал Ататурк ќе добие Спомен-куќа во Центар Жупа

На предлог на Министерството за култура, Владата донесе Одлука за основање национална установа „Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк“ во Коџаџик, општина Центар Жупа.



Мустафа Ќемал Ататурк, кој се смета за татко на модерна Турција, по таткова семејна линија потекнува од селото Коџаџик кое се наоѓа во областа Жупа во Дебарско, Македонија, каде во август 2009 г. се подигнаа темелите на куќата на семејството на неговиот татко Али Риза Ефенди.

Како што соопшти владината прес-служба, целта одлуката е истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување, проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на историско етнолошки предмети поврзани со животот и делото на Мустафа Кемал Ататурк, како и на други етнолошки и историски предмети од значење за Република Македонија.