Индискиот магнат и основач на „Сахара Индија Паривар“, почина вчера на 75-годишна возраст, соопштуваат од „Сахара Груп“, јавуваат медиуми
Субрата Рој стана познат на македонската јавност од пред десетина години кога тогашниот премиер Никола Груевски го најави како голем инвеститор во Македонија.
Тој најавуваше изградба на голем туристички комплекс во Љубаништа, купување на агрокомбинатот „Џумајлија“, како и како донатор на недовршениот споменик на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Во соопштението за неговата смрт се вели дека тој починал од срцев удар во болница во Мумбаи каде бил примен на 12 ноември, откако му се влошило здравјето.
Бил болен од рак, имал висок притисок и се борел со дијабетес.
Роден на 10 јуни 1948 година, во Арарија, Бихар, Рој беше истакната фигура во индискиот бизнис. Имаше огромна империја која опфаќаше различни сектори: финансии, недвижности, медиуми и угостителство.
Во 2014 година, Врховниот суд на Индија му одреди притвор на Субрата Рој поради непојавување на суд во врска со спор со Одборот за хартии од вредност на Индија (SEBI). Ова доведе до продолжена правна битка, што резултираше со тоа што тој помина извесно време време во затвор, за да на крајот биде пуштен на условна слобода.







