Сопругата на Миле Јанакиески, Сања, вечерва објави видео преку кое на јавноста сака да и прикаже како течела голготата на неговото семејство пред да стане јасно дека екс министерот за транспорт за врски бил незаконски тормозен и држен во притвор.
Сања Јанакиеска и покрај неправдата сторена кон нејзиниот сопруг не бара одмазда ниту упатува злобни пораки кон никого.
,,Тешко е само да се изгледа ова видео од 5 минути, а камоли сето тоа да се преживее! Но, за среќа секогаш правдата победува и вистината излегува на виделина. Господ дава сила на праведните и храбрите! Велат големите луѓе имаат големи искушенија…па љубов моја не застанувај, продолжи да чекориш една нога пред друга, барај сила во себе, слушај го гласот во тебе кој те води напред како и досега, знам дека ќе успееш и ќе победиш, ќе победиме. Не застанувај и бори се за правдата зашто ја заслужуваш ти, ја заслужуваат твоите синови”, пишува Јанакиевска.
Видеото е на овој линк






