Група демонстранти за малку не успеале да го линчуваат грчкиот заменик министер за образование кој минатата недела даде оставка поради навреди кон фудбалски навивачи.
Костас Цурарис од страна на учесници на антимакедонскиот протест во Солун за малку успеал со помош на телохранителите да и избега разулавената маса која што го бркала по солунските улици.
Цурарис кој важи за оштар противник на употребата на Македонија во евентуалното решение за името во Солун бил обвинет дека е дел од влада која што врши национално предавство договарајќи име кое го содржи терминот Македонија.
Цурарис е член на помалиот партнер во владата, партијата “Независни Грци” на Панос Каменос





