Внимание: Низ собранието се движи опасен пратеник со тешко психичко растројство (ДОКУМЕНТ)

Информацијата дека во македонското собранието се движи пратеник со сериозно психичко растројство треба да биде корисна за собраниските безбедносни механизми но и за пратениците и другите вработени во собраниските служби кои се во контакт со лицето за кое има невропсихијатарска дијагноза.



Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски објавува делови од психијатриски наод на пратеникот на СДСМ Мартин Костовски кој е потенцијално опасен за јавниот ред и мир затоа што се соочува со тешко растројство.

Стоилковски бара да му се помогне на пратеникот но на сите други луѓе во Собранието кои доаѓаат во контакт со него.

,,Шега на страна, Мартин Костовски под итно да биде изземен од работата на Собранието, да се изземе од гласање, заради документиран невропсихијатриски медицински наод, цитирам
“Психичко растројство дефинирано како пролонгирано анксиозно-депресивно растројство за кое е препишана терапија”.

Пратеник гласа согласно свои лични разумни проценки, а кај Мартин Костовски констатирано е пролонгирани растројство за што тој е под препишана терапија.
(види фото👇)

Според невропсихијатрискиот извештај за Костовски, тој се уште е под терапија којашто редовно ја зема, значи има препишана секојдневна терапија, се уште има пролонгирано реактивно анксиозно депресивно растројство, и има нарушено однесување и функционирање, и тоа се уште перзистира. (види фото👇)

Во прилог на демократијата, Собранието заради својот дигнитет, но и заради грижата за пратениците, мора да ги земе предвид наводите во вештачење за невропсихијатриската состојба на пратеникот Мартин Костовски, па да побара невропсихијатриско лекарско конзилијарно мислење дали Пратеникот е во состојба рационално да расудува и носи одлуки.

Пред Собранието се важни седници, како Закон за огромно задолжување со злоупотреба на европско знаме; тука е и Буџетот, тука е и период за гласање за распуштање на парламентот и распишување избори.

Собранието мора да биде уверено дека пратениците имаат полна и непречена можност за расудување врз што не влијаат состојби, растројства или медикаменти со дејства коишто може да влијаат врз расудувањето.

Ако е возможно, согласно невропсихијатрискиот наод, Мартин Костовски веднаш треба да е испратен на продолжено боледување, а доколку дома нема кој да се грижи за него, МНР и Бујар Османи да покажат човечност и овозможат неговата сопруга да води грижа за него.

Доколку е потребно, да и се исплаќа и грижа за лице, заради констатирана нестабилност во нозете на пациентот Костовски Мартин. (види фото👇)

Оттука би побарал доколку е можно да се провери дали Костовски не бил во слична невропсихијатриска положба на растројство или под медикаменти кои одземаат можност за разумно расудување, кога со злоупотреба на положба и овластување во Службен Весник објави Закон без потпис?

Сето ова не очекувам да биде сфатено како зајадливост, сарказам или хумор туку како реална грижа за Мартин Костовски, неговата благосостојба, но и благосостојбата на Македонија преку носење на вистинско одлуки во Парламентот.

Не би сакал утре во некој нов извештај да стои можеби злоупотреба на лице со акутно растројство и под медикаменти од страна на СДС за носење на закони во Собранието.

Но од друга страна, не би сакал Мартин Костовски при акутно продолжено растројство, депресија и анксиозност, намерно да нанесува штета во можеби обид за автодеструкција?

Се на се, да бидеме луѓе, здравјето и здраворазумието пред се!”, пишува Стоилковски.

Одговорноста за безбедноста на пратениците и вработените во парламентот и за личната безбедност на пратеникот Костовски доколку се случат немили настани, ќе биде на тие што не презеле соодветни мерки за човекот со сериозно психичко растројство поради кое е опасен за себе и за околината.

Документите врз основа на кои предупредува Стоилковски на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10160808257280499&id=542940498&mibextid=Nif5oz