НМ: Македонците во Албанија нема да го признаат пописот, ако Тирана не ја спречи бугарската кампања да се попишат како Бугари!

„Досега повеќе македонски здруженија и организации од Албанија посочија дека Тирана ѝ дава простор на Софија да го спроведе пописот во Албанија во оние региони каде што живее македонски народ. Постојат реално допуштени и спроведувани модели на притисоци од страна на бугарските државни институции и приватни фондации, кои се насочени кон Македонците да се изјаснат како Бугари. Ако албанските државни институции не ги земат предвид укажувањата на Македонска алијанса за европска интеграција и на другите македонски друштва и здруженија, македонското малцинство нема да ги признае резултатите од пописот на населението во Албанија.“ – се вели во новинарската анализа со наслов „Тирана ѝ допушти на Софија активно да влијае за време на пописот“, која ја објави весникот „Нова Македонија“



Бугарскиот амбасадор во Албанија Ивајло Киров исклучително активен во пописот во регионите каде што живеат Македонците – се бара да се забрани неговото доаѓање

Покрај другото, натаму во анализата пишува: Оваа бугарска кампања започна со уценувачкото вето од Софија кон Тирана, кога беше изнудено бугарско етничко малцинство во Република Албанија, покрај фактот што до 2017 година во ниту еден албански официјален попис не е забележено присуство на бугарска етничка заедница. Од тој момент бугарските активности постојано се засилуваа во Албанија, како што беше посетата на училиштата, во кои учат македонски деца од страна на претставници на бугарската амбасада. или заканите дека ќе им ги одземат бугарските пасоши, ако не се изјаснат како Бугари на пописот на населението, велат нашите соговорници

Нашите соговорници велат дека бугарската амбасада во Тирана презела особено енергични активности, индиректно поврзани со сегашниот попис на населението во Албанија. Според нив, особено била контроверзна активноста на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров, кој во екот на пописот ги убедувал Македонците во Голо Брдо и во Мала Преспа да се изјаснат како Бугари. Од Владата на Албанија е побарано да се забрани доаѓањето на бугарскиот амбасадор во регионите каде што живеат Македонците, бидејќи се прекршува и Виенската конвенција со однесувањето на бугарскиот дипломат, кој се меша во внатрешните работи и врши директен притисок врз пописот во Албанија.

„Како Македонци сме свесни дека од бројот на попишаните Бугари во Република Албанија зависи колкава ќе биде агресивноста, што ќе се врши врз нашата матична држава Македонија за промена на Уставот и запишувањето на Бугарите како конститутивен народ во него.“ – нагласија од македонското друштво „Илинден“ –

За сите забележани неправилности се запознати албанската држава  и странските амбасади во земјата. Но албанските државни институции немаат преземено никакви мерки за укажувањето дека Бугарија преку пописот во регионите каде што живеат Македонци во Албанија директно се меша во внатрешните работи и во пописот на населението. Македонска алијанса за европска интеграција бара албанската влада да го продолжи рокот за попишување на населението во Мала Преспа. Но сѐ уште нема добиено ништо официјално. Постојат сомнежи дека станува збор и за стратегија на Албанија со која би се укинала општината, со образложение дека нема доволно жители.