„Журнал“: Тоа што македонските националисти се против Албанците по автоматизам значи дека се и против Европа!

Академијата на науки и уметности на * Македонија е позната како главно засолниште каде што се собираат образованите македонски академици, кои го искажуваат отворено и јавно својот гнев против Албанците. Овие ‘академици’ мислат дека колку си повеќе против Албанците, толку си поголем Македонец. Тоа што се против Албанците ги прави македонските националисти по автоматизам и против Европа!“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот редакциски коментар со наслов „Изјава за подбивање со самосвеста на граѓаните од Академијата на науки и уметности на * Македонија“.



Покрај другото, натаму „Журнал“ пишува: Сега кога земјата е на крстопат, што се однесува до продолжувањето на патот кон членството во ЕУ, мора да се направат уставни измени. Ако не се направат, земјата се враќа на нула. Без нималку срам претседателот на Академијата на науки и уметности на * Македонија Љупчо Коцарев се подбива со свеста на граѓаните и ги навредува со скандалозна изјава: вели дека академијата е против промена на Уставот, но е за ЕУ. Иако општо познато дека единствен услов во овој момент да се продолжи кон ЕУ се уставните измени, сепак овој академик се потсмева со ова. Но, за среќа, судбината на државата не е во рацете на оние, кои се подбиваат со граѓаните.

Академијата на науки и уметности ја исмева свеста на граѓаните на земјата

„Промената на Уставот се промовира од таен и добро организиран меѓународен сојуз. Ова е сојуз за ‘света војна’ против македонизмот, кој го сочинуваат сили во Македонија и во Европската Унија“ – истакна Коцарев.

„Од една страна е промената на Уставот, а од друга страна сите што ќе зборуваат за македонизам се етикетираат како националисти, предавници и лажговци. За разлика од оние, кои инсистираат на промена на Уставот во Македонија, јас сум шокиран од фактот што во демократска Македонија, во 21 век, како граѓанин на оваа држава сум принуден да избирам меѓу овие две опции. Мојот избор е  НЕ за промена на Уставот и ДА за ЕУ.“ – изјави Коцарев на меѓународната конференција, што се одржа во Скопје, посветена на историските личности.

Оваа негова изјава е повеќе од скандалозна, бидејќи е противречна сама по себе. Зашто, промената на Уставот е иницирана од француско-германскиот предлог, што значи од двете најмоќни држави во ЕУ. Да се споменува таен сојуз, кога јавно се знае кој иницира промена на уставот, уште и да се каже дека е тоа против македонизмот, тогаш тоа е скандал само по себе. Овие идиотски изјави не му служат никому, дури ниту на македонскиот национализам, бидејќи во овој облик тие се изјава против меѓународните сили. Да се каже потоа став за ЕУ, тоа е исмевање со свеста на граѓаните. Сепак, против оваа изјава на Коцарев се уште нема никаква јавна реакција од ниеден албански академик.

Македонските академици се докажаа дека се против Албанците

Во 2022 година македонските академици отворено го изразија своето незадоволство од тоа што Албанците се покажаа многу повеќе од она што го очекуваа, од резултатите од пописот на населението. Македонскиот академик Божин Павловски, кој живее и работи во Австралија, во изјава за македонски портал вели дека дијаспората никогаш досега не била вклучена во пописите на населението во * Македонија. Тој алудираше на тоа дека се греши, што се овозможува попис на  дијаспората, поради фактот што најголем број граѓани кои живеат во дијаспората се Албанци. Павловски критикуваше дека албанското раководство вложило голем напор да се попишат колку е можно повеќе албански граѓани.

За Катица Ќулавкова, исто така член на Академијата на науки и уметностите, овој попис е уште еден показател дека Македонците се „во завршна фаза на згаснувањето на македонската национална држава и на делегитимирање на македонската нација“. Тврдејќи дека пописот на Албанците како државјани на оваа земја претставува закана за Македонците.

Имаме работа со ставови против Албанците, искажани од академици, кои се дел од Академијата на науките, институција што  се финансира од државниот буџет, кој го полнат и граѓани- Албанци. Тоа што се против Албанците ги прави македонските националисти по автоматизам против Европа, затоа изјавите дека се за ЕУ е многу повеќе лага и исмевање со свеста на граѓаните.