Закани од АА и Снопче: Ќе се отворат хоризонти на опасностa за Македонија и ќе биде загрозена нејзината иднина, ако не се промени Уставот!

„ВМРО ДПМНЕ влезе во сценарија на кругови, кои не ѝ сакаат добро на земјата. Нејзината иднина ќе биде загрозена, ако не се направат уставните измени!“оваа најнова закана кон Република Македонија и кон ВМРО ДПМНЕ како партија ја упати пратеникот Халил Снопче од редовите на владината партија Алијанса за Албанците во интервјуто за ТВ Топ Ченел од Албанија. Нагласките од интервјуто со Снопче ги пренесуваат информативната агенција Илирија-ИНА и други медиуми на албански јазик во Македонија и во Балканот.



ИНА пренесува: Пратеникот од редовите на Алијансата за Албанците Халил Снопче во интервју за Топ чанел вели дека главниот спор во * Македонија се уставните измени, што треба да се случат. Според него, уставните измени наидуваат на отпор кај најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ.Според нашето мислење, наместо оваа партија да се ангажира за отворање хоризонти на перспектива, таа создава хоризонти на опасност, за кои сум склон да верувам дека доаѓаат од кругови, кои не ѝ сакаат добро на Македонија“, рече Снопче.

Тој додаде дека европската перспектива е единствената перспектива на * Македонија, оти нема друга алтернатива нема, а зачленувањето на земјата ѝ донесува придобивки во сите сфери. На прашањето дали Алијансата за Албанците има црвени линии со ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Снопче истакна дека ВМРО ДПМНЕ била главната причина за влезот на Алијансата за Албанците во Владата и оти противењето на уставните измени доаѓа од опасните кругови, кои не ѝ сакаат добро на земјата.