Дејците на ВМРО беа дел од партизанското движење и ослободувањето на Македонија

Николоски: Учеството на дејците на ВМРО во ослободувањето на Македонија во Втора светска војна е најдобар доказ за националниот карактер на борбата
Фејсбук/Александар Николоски

На денешен ден е ослободено Скопје во Втората светска војна. Ослободувањето на Скопје е Пиемонт на борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор во лицето на фашистичка Бугарија и фашистичка Италија, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.



„Во ослободено Скопје први влегуваат Димитар Влахов, Методија Андонов Ченто и Генерал Михајло Апостолски.

Димитар Влахов како една од легендите на ВМРО во периодот на ослободителните борби против Отоманската империја, а подоцна и против трите соседи кои ја делат Македонија е најдобар показател за националниот карактер на борбата на македонскиот народ во Втората светска војна и учеството на дејците на ВМРО во партизанското движење и ослободувањето на Македонија. Вечна слава“ – посочува Николоски.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FNikoloskiA%2Fposts%2Fpfbid03387XHrL6prCqSsvhbAQtsDoiqoLdQB6u1CZeTDNtFt1c5ybCZFyny6APDHCMUrShl&show_text=true&width=500