По свадба тапани. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши итен увид во прилепската болница по смртта на десетдневно новороденче од сепса. Бебето е родено во болницата во Прилеп, а потоа е префрлено на Детската клиника во Скопје, каде што една недела подоцна починало.

Случајот вчера го објави мајката на бебето на социјалните мрежи. Според нејзиното сведочење, нејзиното новороденче првично било лекувано од жолтица, а во прилепската болница им било кажано дека бебето ќе биде испратено во Скопје каде има подобра опрема. Мајката раскажа дека при хоспитализацијата на Детската клиника биле известени дека се работи за инфекција, а по дводневни тестови било утврдено дека бебето добило тешка сепса и било донесено од прилепската болница.
Во текот на вчерашниот ден од прилепската болница било констатирано дека кај бебето се појавило отежнато дишење, а медицински лица земале примероци од крв за анализа и дале двојна антибиотска терапија. Но, по консултација со лекар од Клиниката за детски болести, бебето е пренесено во Скопје.
Од друга страна, од Детската клиника вчера изјавија дека бебето им било донесено од прилепската болница.

Таткото на сега починатото новороденче испрати порака до реагираше до редакцијата на Телма. Тврди дека кај мајката претходно не била евидентирана никаква бактерија и сите исппитувања биле уредни. Информира дека првично мајката требало да се пораѓа со царски рез.
Но вели незнае од кои причини докторката која ги примила на приемно одделение одлучила сепак да се пораѓа во природен пат. Се сомнева дека во болницата во Прилеп не ја кажуваат вистината за целиот случај и дека не му е јасно како здраво родено дете кое треба да добие отпуст од болница, добило сепса.





