Europe Elects: За три недели СДСМ со огромен пад на поддршката, ВМРО-ДПМНЕ со огромен скок

Агенцијата за анализа на јавно мислење со седиште во Германија Europe Elects која ги анализира резултатите од анкетите на популарноста на политичките партии во ЕУ и земјите кандидати забележува дека за само дваесетина дена владеачката СДСМ загубила огромен процент од поддршката кај граѓаните а во истиот период ВМРО-ДПМНЕ добила исто толку поддржувачи колку што загубила партијата на Ковачевски.



Europe Elects пренесува анкета на Институтот за политики и добро владеење (IPDV) според кој СДСМ за три недели загубиле 5 % доверба а ВМРО-ДПМНЕ добила исто толку.

Според анкетата која ја пренесува Europe Elects СДСМ за неколку недели загубила речиси една петтина од своите поддржувачи што е досега невиден пад за било која партија во Македонија.

Кај ВМРО-ДПМНЕ растот е една седмина што исто така е огромен скок за некоја партија.

Македонија, истражување на ИПДВ:

ВМРО ДПМНЕ: 36% (+5)
СДСМ: 23% (-5)
ДУИ: 10%
Алијансата за албанците: 8% (-4)
Левица: 6% (-6)
БЕСА: 4% (+2)
ДД: 3%
Алтернатива: 2%

Резултатите се од теренско испитување спречи цедно меѓу 5-9 Новембер 2023 на примерок од 1,050 граѓани.

Споредбата за падот и растот на Europe Elects е направена наспроти анкета направена од 15-20 Септември 2021.