Само вчера преку контролниот пункт Рафах од Газа до Египет поминале 826 граѓани кои поседуваат пасоши од други земји. Ова е најголемиот број странски државјани кои успеале да се евакуираат за еден ден од територијата под контрола на „Хамас“, јави Тајмс оф Израел.
По тридневна пауза, вчера беше отворен граничниот премин Рафа.
Покрај странските државјани, беше дозволен премин и на тешко повредени кои треба да се лекуваат во болниците во Египет.
…Низ пунктот поминале девет возила на брза помош со повредени лица.
Преминот Рафах меѓу јужниот дел на Газа и Египет е единствениот коридор преку кој Израелците се согласија да дозволат помош во опколената палестинска енклава и да им дозволат на странците да ја напуштат.







