Му се згади ли и нему, потпиша за ,,Северна” а сега користи само Македонија

Екс вицепремиерот за евроинтеграции и екс министер за надворешни работи Никола Димитров кој е потписник на Преспанскиот договор со кој Македонија стана северна веќе не го признава својот потпис со кој неговата земја го загуби вековното име.



Димитров кој е горд на промената на името во својот пост за неговиот влез во ,,светската влада” воопшто не ја споменува северна.

Во два наврати зборува само за Македонија како да не е токму тој човекот што стави потпис на договорот со кој таа стана северна и дома и во светот.

Обично лицемерие или задоцнет обид да се прикаже како патриот кој ја сака Македонија ќе треба да каже во некое од неговите следни интервјуа.

,,Фактот што за прв пат Трилатералната комисија ги отвори своите врати и прими член од Македонија, ме обврзува да ја искористам оваа можност за привлекување на што посилен фокус врз нашите предизвици и врз Балканот.
Светот се менува.
Македонија мора достоинствено да биде застапена на сите важни маси каде се разговара и се градат одлуки што ги засегаат нашите граѓани”, напиша Димитров без да спомене северна во фалбата за членство во контроверзната организација.