За малку куртулиле, полицаец на Оливер Спасовски учествувал во претепување на брачен пар

Полицаец од министерството кое го раководи Оливер Спасовски во Охрид учествувал во претепување на брачен пар.



Полицискиот службеник бил дел од група од тројца луѓе кои крвнички претепале брачни сопружници во центарот на Охрид по што сопругот доживеал тешки повреди и неговата здравствена состојба е сложена.

,,На 12.11.2023 околу 13 часот, во СВР Охрид повикани се А.Т. и К.С. двајцата од Охрид. Тие, се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 02 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ја нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид. Тие, според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 05.30 часот, побарале помош во службата за Итната медицинска помош во Охрид а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај Д.Ј. биле констатирани тешки телесни повреди. Околу 10.30 часот во СВР Охрид, Б.Ј. и лично го пријави настанот. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава”, стои во информацијата од МВР.

Полицаецот напаѓач и предходно имал проблеми со својата дисциплина но на чудесен начин по лобирање од висок полициски функционер бил рехабилитиран и не ја загубил работата во МВР.