Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека шпанските фудбалски прволигаши Севилја и Вилјареал се заинтересирани од следната сезона на својот гол да го имаат чуварот на мрежата на Рајо Валјекано и на македонската репрезентација Столе Димитриевски.
„Разбрав дека Столе Димитриевски веќе е на списокот на Севилја и на Вилјареал за следната сезона како потенцијален слободен играч. Двата клуба го ценат македонскиот голман.
Неговиот актуелен договор со Рајо Валјекано истекува во јуни 2024 година“, објави на Твитер новинарот чија специјалност се фудбалските трансфери за голманот што е на третото место по бројот на успешни интервенции во шпанската Ла Лига сезонава.






