Сака ли Запад да го смени Зеленски!?

Западните земји ќе го соборат украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неуспехот на вооружените сили на Украина и неможноста да победат во конфликтот со Русија, пишува поранешниот помошник заменик секретар за одбрана на САД, Стивен Брајан, во напис за „Азија тајмс“.



„Или Зеленски ќе биде принуден да одржи претседателски избори закажани за март следната година, а потоа ќе биде сменет, или, доколку даде отпор, сепак ќе биде сменет како резултат на револуција слична на Мајдан“, пишува Брајан, како што пренесува Плусинфо.

Според експертот, Запад почнува да сфаќа дека Украина повеќе нема да може да победи во вооружен конфликт, бидејќи украинските сили трпат пораз по пораз, а скапата западна опрема ја пали руската армија.

Најдобар исход за САД и самата Украина, истакна експертот, би биле преговорите со Русија, во спротивно Киев ќе се соочи со неизбежен воен колапс.

„Ако Конгресот одложи или ако администрацијата се согласи на многу помала сума (помош за Украина), тогаш Зеленски е готов. Вашингтон може да заклучи дека тоа е единствениот излез. Сепак, Зеленски нема доброволно да си замине, па останува нерешен проблемот како да се натера да поднесе оставка“, резимира Брајан, пренесува Плусинфо.