Македонија е умерено подготвена во делот на јавните набавки и има постигнато ограничен напредок во извештајниот период, се посочува во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава за 2023 година.
Во документот се наведува дека капацитетот на клучните институции за склучување договори и на економските оператори треба да се зголемат преку континуирана обука.
Националните власти треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на циклусот на набавките. Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10-д покренува загриженост бидејќи го иззема проектот од примена на Законот за јавни набавки“, наведуваат од ЕК.
Според оценката во Извештајот, препораките од минатогодишниот извештај не биле целосно имплементирани и затоа и понатаму остануваат во важност, а се притоа даваат и препораки за надлежните институции.
„Во наредната година, како оосбено важно се наведува да бидат усвоени законот за јавно-приватно партнерство и законот за концесии, за дополнително усогласување на правната рамка во овие области со правото на ЕУ. Исто така, да се подобри координацијата меѓу клучните засегнати страни и да се зајакне нивниот капацитет за спроведување на принципите на транспарентност, слободна конкуренција, еднаков третман и недискриминација. Потребно е, се додава, и дополнително зголемување на употребата на критериумите за „економски најповолна понуда“ (‘most economically-advantageous tender’ – MEAT) при доделување договори и подобрување на мониторингот на постапките за јавни набавки преку пријавување и ефикасно следење на неправилности, случаи на конфликт на интереси и измамнички практики“, стои во Извештајот.
согласност со правилата на ЕУ. Во 2022 година, 55 негативни референци се издадени против 50 економски оператори, од кои на 21 со истечен рок, а девет се отстранети од Бирото за јавни набавки. До крајот на 2022 година, активни биле 25 негативни референци во 2022 година, како и шест негативни референци издадени во 2018 и 2019 година. Допрва ќе се финализира и донесува законот за ЈПП, а се очекува и законот за концесии.
„Во март 2023 година, Владата одобри договор за изградба на автопатски делници долж Коридорот 8 и 10-д. Договорот беше директно доделен на меѓународен конзорциум без конкурсна постапка како ад хок Закон за определување на јавен интерес и Законот за именување стратешки партнер за реализација на проектот за изградба на инфраструктурен Коридор 8 и 10-д донесени од Собранието во 2021 година што го иззема проектот од примената на законот за јавни набавки. Во мај 2023 година Владата до Собранието достави на усвојување законски измени кои се неопходни за реализација на проектот. Овие закони беа означени со знамето на ЕУ заради забрзување на постапката, иако, се посочува, ова не беше соодветна употреба на постапката“, се наведува во Извештајот.

Извор : https://plusinfo.mk/shto-veli-izveshta-ot-na-ek-za-avnite-nabavki-da-se-vovedat-poefikasni-antikorupciski-merki-vo-tekot-na-ciklusot-na-nabavkite/





