Зад неизрадбата на автопатот Кичево-Охрид стојат лични интереси, алармира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тука гледам лични интереси и обиди на Ковачевски и Груби да прават политички гимнастики и пресметки но мислам дека тоа нема да им успее овојпат. Во отсуство на јасен проектен менаџмент и многу невистини се доведоа во една ваква ситуација. Oчекував Ковачевски на ист начин како што му велеше на Бочварски „стани да те види цела сала, да го стане и да го праша што ќе прави, изјави Мицкоски за „Република“.





