Демократското движење бара распуштање на Собранието, итни избори и оставки на Груби, Маричиќ, Османи и Лога!

„(1) Да се распушти Собранието и да се одржат итни парламентарни и претседателски избори заеднички; (2) Неотповикливи оставки на Артан Груби, Бојан Маричиќ, Бујар Османи и Кренар Лога како чин на политичката одговорност и како знак за нашите меѓународни сојузници дека нашата држава ги разбрала многу добро нивните забелешки. Секој ден натамошен ден на власта на оваа криминализирана Влада е загуба за граѓаните и (3) Целосно редефинирање на судските органи. Ние сме на целосно располагање на сите наши правни експерти, за да се изнајдат соодветни модалитети за коренита реформа и така да ја гарантираме правната држава.“ – ова се трите барања на опозициското Демократско движење, за кои неговиот лидер Изет Меџити изјави дека биле усвоени на синоќешната седница на Основачкиот совет на партијата во Скопје по расправата за актуелната политичка ситуација во земјата.



„Ако наведените заклучоци и барања на Демократското движење не се исполнат, го задржуваме правото да преземеме уште порадикални демократски чекори.“ – предупреди Меџити.

Во својата информација во врска со барањата на Демократското движење информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА натаму ја пренесува изјавата на Меџити дека на таа седница на оваа партија, која е дел од Европското движење за промени, фокусот бил ставен врз Извештајот на Европската комисија. „Се заклучи дека драматичните забелешки во основните области и немањето напредок не убедија оти нема ЕУ со ДУИ на власт!“ – нагласи Меџити.

„Друг заклучок беше дека ова најлошиот извештај на Европската Комисија, што го добила * Македонија било кога. Наместо напредок извештајот забележа назадување, што е повеќе од загрижувачко. Имајќи ги предвид опасностите и последиците, кои произлегуваат од оваа состојба на назадување во однос на европските перспективи на * Македонија, беше заклучено дека е неопходно веднаш и без одлагање да се преземат чекори во насока на остварување на трите споменати барања.“

„Ако не се земат предвид изнесените барања, тогаш ќе ја преиспитаме и нашата поддршка за уставните измени во овој мандат на Собранието. Не е исклучено и целосно замрзнување на оваа поддршка додека се тие на власт. Ако власта сака да го игнорира Извештајот на Европската Комисија и да ѝ ја препушти одговорноста на опозицијата, тогаш не можеме од власта да очекуваме ниту да организира слободни и фер избори. Прекршувањето на изборниот процес дополнително ќе ја оддалечи нашата земја од ЕУ. Ова беше кажано на седницата на Основачкиот совет на Демократското движење“ – изјави Изет Меџити.

Во својата изјава тој предупреди: „Денес е време за конкретни акции, а не за празни изјави. Ако наведените заклучоци и барања на Демократското движење не се исполнат, го задржуваме правото да преземеме уште порадикални демократски чекори. Никој не е над стратегиската определба на државата и интересите на граѓаните! Ова беше речено на седницата на Основачкиот совет на Демократското движење, кој е дел од Европскиот сојуз за промени.“ – изјави неговиот лидер Изет Меџити.