Адвокат Митровски: Петрушевски ми е антипатичен но пресудата на судијата од Куманово е скандалозна

Адвокатот Јанаки Митровски ја смета за скандалозна пресудата на кумановскиот судија Неџат Мемети со која го прогласи за виновен пратеникот Бране Петрушевски за говор од собраниската говорница.



Петрушевски е осуден за клевета и навреда и треба да плати околу 2,5 илјади иако според законот како пратеник ужива имунитет за тоа што го зборува во собранието.

Митровски нема високо мислење за Петрушевски но смета дека не смеел да биде осуден.

,,Прво мислев дека е спин, па ја видов пресудата со која пратеник се осудува за навреда и клевета за став искажан од говорница. И бидејќи лично го имам гледано говорот, да од собраниска говорница е. Овој Бране Петрушевски мене лично ми е многу антипатичен. Она скроз, и воопшто не ми остава впечаток на човек со голем интелектуален капацитет.
Тоа за секунда не го менува фактот дека како правник морам да имам принципиелен став дека пресудата на Основен суд Куманово е скандалозна благо кажано.
И малите деца знаат дека пратеник има имунитет за искажаното од собраниска говорница. Судијата во ОС Куманово или не знае или подлегнал на притисокот.
А притисокот логиката налага дека може да го прави тужителот, подеднакво антипатичниот “народен” пратеник Мартин Костовски.
Оваа пресуда МОРА да падне!!!”, реагира
Митровски на пресудата на судијата од Куманово.

Првичната вест

Судијата Мемети на барање на функционер на СДСМ осуди пратеник за говор во собранието (ФОТО)