Членови од Судски го контра Лога – го поддржуваат Нанев

Разрешувањето на претседателот на каваречкиот суд Лазар Нанев од челната позиција во Советот за Информатичко комуникациска технологија дополнително ги продлабочи разликите меѓу министерот за правда и судскиот совет. Членовите на Судски Лорета Георгиева и Миљазим Мустафа вчера се повлекле од Советот за ИКТ . Во оставките испратени до министерот за правда Кренар Лога, тие застануваат на страната на Нанев  и напишале дека нивното натамошно учество во ова тело е нецелисходно. Мустафа истакнал и дека  е горд што бил член на ова тело што ги поставило темелите на дигиталното судство



-Советот на ИКТ дејствуваше како тим со неговиот претседател Лазар Нанев и заменичката проф.    д-р Гордана Лажетиќ и затоа сметам дека нема простор за мое натамошно учество, напишала во оставката Лорета Горгиева, член на Судски совет.

-По разрешувањето на претседателот на ИКТ од страна на министерот за правда Кренар Лога и изнесените инсинуации за неправилно работење на Советот на ИКТ, како и по тврдењата на ресорниот министер за реформирање на истоимениот Совет, нецелисходно е понатаму да се биде член во ова тело, пишува Миљазим Мустафа, член на Судски совет.

Министерот Лога за Телма вели дека оставките се беспредметни затоа што уште на пресот кога го објави разрешувањето на Нанев најавил дека идната недела ќе донесе одука за целосно нов состав на Советот за ИКТ за што веќе се прават и консултации.

Не е прашање составот на ИКТ, тоа е веќе минато. Големото прашање е дали почитуваните колеги од Судскиот совет конечно ќе постапат законски во однос материјалите кои ги имаат пред себе повеќе месеци со надеж дека ќе застарат, вели Кренар Лога, министер за правда.

На пресконференцијата во понеделеникот Лога ги повика членовите на судски да отворат постапката за утврдување на одговорност на Нанев затоа што изминатиот период во Судски  пристигнале дописи од Советот на јавните обвинители и Вишото јавно обвинителство Скопје  со сериозни наводи за интегритетот и работата на Нанев како судија и претседател на Основен суд Кавадарци.

Комисија за надзор од министерството за правда вчера беше во контрола на функционирањето на АКМИС системот во кавадаречкиот суд . Од министерството потенцираа дека станува збор за редовна контрола во рамките на годишната програма. Што утврдиле во надзорот ќе објават во извештај.

Изминатиот период Лога често ги ставаше на тапет членовите на Судски а деновививе го објави и составот на работната група на чело со академик Камбовски што ќе ги прави законските измени за реформирање на судксиот совет.  Од Судски му одговорија дека и покрај тоа што јавно тврди дека е во отворена војна со нив тие немаат намера да војуваат со него. Како член по функција го повикаа на седница да ги сподели со нив добронамерните критики но му порачаа на минитерот дека нема да му дозоволат да излегува од своите надлежности и да кажува како треба и што да работи Советот.