Абас: На Палестиците им се случува геноцид

Махмуд Абас, претседател на палестинската управа, денеска оцени дека Палестинците се соочуваат со „неспоредлива геноцидна војна“ и ги повика Соединетите Држави да извршат притисок врз Израел да ја прекине својата офанзива врз Газа.



Говорејќи за време на вонредниот заеднички исламско-арапски самит во саудискиот главен град Ријад, Абас исто така рече дека на Палестинците им е потребна меѓународна заштита пред израелските напади.

Тој ги повика САД да извршат притисок врз Израел да ја запре офанзивата врз Газа, објави Ројтерс.

Говорејќи на вонредниот заеднички исламско-арапски самит во саудискиот главен град Ријад, Абас исто така рече дека на Палестинците им е потребна меѓународна заштита поради израелските напади.

„Америка е одговорна за фактот дека нема политичко решение за конфликтот на Блискиот Исток…Ќе ги гониме воените злосторници пред меѓународните судови, а Соединетите Американски Држави ќе бидат одговорни за неуспехот да се реши кризата“, рече Абас.