Може да изгледа нелогично, но последниот извештај на Европската комисија во крајна линија е добар за Македонија, пишува новинарот Љупчо Поповски во коолумна за Дојче веле.



„Тој – вели Поповски – го објави завршувањето на идилата што навидум постоеше меѓу  Европската унија и Македонија неколку години наназад, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор

И особено по егзалтираните изјави на европските челници по ланското усвојување на преговарачката рамка дека конечно е исправена една голема неправда кон нашата земја. И дека е потребен само уште еден чекор.

Ова е потег да нѐ потсети дека изгледа не сме ги слушале пораките дека не треба да се заборави на реформите, дека сите политички чинители се одговорни за состојбата во општеството.

И дека оние 6 милијарди евра наменети за Западен Балкан ќе бидат распределувани според реформите и според издржаноста на понудените проекти.

Нема веќе ништо бесплатно или на даден збор“, вели Поповски.

„Време е за освестување. И при тоа повторно е кажано дека е потребен уште еден чекор – уставните измени, без кој не може да се стапне на друго ниво.

Додека го чекаме тој чекор како сите да заборавија на своите обврски – и Владата, и Собранието, и политичките партии, а особено судството и другите органи на прогонот…“, констатира Поповски.