Азизи: Давеникот Ахмети знае дека не може да се спаси од поразот на изборите и се обидува преку најопасни сценарија да остане на власт!

„Али Ахмети знае многу добро дека ги загуби овојпат сите можности да се спаси од поразот на претстојните парламентарни избори. Тој веќе стана политички давеник, кој се обидува со себе да ги потопи и Арбен Таравари и Алијансата за Албанците, напразно ветувајќи им ја позицијата ‘албански премиер’ на техничката Влада!“ – пишува Аднан Азизи, организациски секретар на Претседателството на опозициската партија Беса, во својата колумна со наслов „Давеникот’ сака да го спаси ‘потонатиот“, која ја објави информативната агенција Илирија ИНА.



Натаму, Азизи пишува: својата колумна: Али Ахмети ќе се обиде да подвижи секој камен и дрво, со цел да се спаси. „Властодржецот“, кој во текот на две децении не одбегнуваше ниедна мрачна работа, за да остане на власт, сега настојува да оствари и најопасни сценарија, за да се спаси од политичкото удавување.

Да се биде и да се остане во Владата се претвори во болест, која им е потребна, заради одбрана на злосторствата, што ги сторија. Затоа настојуваат да останат на своите позиции, кои ги имаат, дури и преку пуштање на криминалците од затвор, кои некогаш беа дел од ВМРО ДПМНЕ, преку враќањето на Груевски од Унгарија, се до жртвувањето на „албанскиот премиер“. Се докажа дека ветувањето „албански премиер“ било празно, само заради манипулирање на јавноста.

Ним им е само власта цел, која ги оправдува средствата и методите. Но малку им е важно, кои средства и методи ги користат, за да се задржат на власта. За жалење е што Алијансата за Албанците и нејзиното раководство, досегашниот спасител на Али Ахмети и на ДУИ, сега станува дел од оваа игра. Ова јасно го покажува предлогот – блефот, каде што на Арбен Таравари му се нуди позицијата премиер на техничката Влада. Ова не е нималку искрено, туку се прави „за да се навлече рибата на јадицата“.

Али Ахмети, кој е во политиката веќе во позиција на давеник, се обидува да го повлече со себе и Арбен Таравари, кој е цел на напади внатре од неговата партија и од ДУИ, но веќе и од надворешни структури на двете страни. Му преостанува на Таравари да одлучи: дали ќе ги задржи своите лични убедувања, или ќе дозволи да стане странична штета и да потоне во водата, поради еден давеник, кој досега веќе потопил повеќе експоненти на Алијансата за Албанците? Но може ли да се спаси оној, што е веќе удавен – Али Ахмети?!