Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одговори на интервјуто на францускиот претседател Макрон за Би-Би-Си, во кое тој го повика Израел да престане да убива жени и бебиња во Газа и го повтори повикот за прекин на огнот во војната.
Нетанјаху рече дека сите нации треба да го осудат Хамас, а не Израел, тврдејќи дека неговата армија се обидува да ги отстрани цивилите од конфликтот додека Хамас ги користи како жив штит.
„Злосторствата извршени денеска од Хамас-ИСИС во Газа ќе бидат извршени утре во Париз, Њујорк и ширум светот“, предупреди тој во изјавата.
Инаку, Израел го ревидираше бројот на загинати од нападот на Хамас на 7 октомври од 1.400 на 1.200, изјави во петокот за AFP портпаролот на Министерството за надворешни работи.
„Ова е нова проценка“, рече Лиор Хајат без да даде објаснување за новата бројка.
„Терористите на Хамас (…) ладнокрвно убија околу 1.200 луѓе и киднапираа 240, меѓу кои деца, жени и постари лица“, се наведува во соопштението за печатот.






