30 отсто покачени плати или штрајк- Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги најави протести и штрајк доколку не ги добијат ветените повисоки плати.
Од КСОМ велат решението е во тоа да Управата да се врати во рамкии на МВР.
Од Независниот синдикат на судска администрација кои повеќе од 7 месеци се на протести барајќи 78 посто повисоки плати и враќање на додатокот од 30 постро велат дека протестите продолжуваат и најавија блокади на клучни крстосници во градот Скопје.
Истите барања ги има и јавнообвинителската служба кои денеска го активираа штрајкот откако не се спогодија со Владата додека траеше процесот на помирување. На протести се и пензионерите кои не отспауваат од барањата за 5.000 денари повисока пензија и минмимална пензија од 18.000 денари.
Поради неуспешните преговори со МЗ, Независниот синдикат на здравствени работници најавуваат протести во текот на следните 3 недели, бараат 30 посто повисока плата, ревидирање на колективниот договор, покачување на инфективниот додаток и трансформација на работните места.
![]()
Извор: https://24.mk/details/nezavisniot-sindikat-na-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-bara-30-posto-pokachuvanje-na-platite




