Ќе замине ли во рецесија ЕУ за еден месец од сега?!

epa10193210 A staff member counts US dollars banknotes at a bank in Hanoi, Vietnam, 19 September 2022. The USD/VND exchange rate has increased by more than 3.6 percent since the beginning of 2022, the highest in history, according to media reports. EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Европската унија веројатно ќе западне во рецесија до крајот на годината, изјави за „Фајненшл тајмс“ поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка Марио Драги. Економијата на еврозоната во периодот од јули до септември е намалена за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал, покажуваат прелиминарните проценки на статистичката агенција Еуростат.



Речиси е сигурно дека ќе имаме рецесија до крајот на годината. Сосема е јасно дека тоа ќе го покажат првите два квартали од следната година“, изјави Драги, пренесе весникот.

Пошироката економија на ЕУ, наводно, пораснала за 0,1 отсто во третиот квартал од годината, а Меѓународниот монетарен фонд претходно оваа недела соопшти дека очекува поширокиот европски раст да се врати на 1,5 отсто во 2024 година од 1,3 отсто оваа година.

Сепак, проценките на Драги за економскиот раст на ЕУ се „поконзервативни“, пишува ФТ.

Марио Драги претседаваше со ЕЦБ од 2011 до 2019 година. Како слабости кои придонесуваат за економско забавување ги издвои ниската продуктивност во регионот, високите трошоци за енергија и недостатокот на квалификувана работна сила. Драги, исто така, рече дека Европа ја изгубила конкурентноста во однос на САД, Кина, Јужна Кореја и Јапонија во последните 20 години.