Американски дипломати: Зголемен бес против САД во арапскиот свет

Американските дипломати кои работат на Блискиот Исток ја предупредиле администрацијата на претседателот Џо Бајден дека поддршката на Вашингтон за израелската воена кампања во Газа може да доведе до незадоволство во арапскиот свет, се вели во дипломатска телеграма, јавува Си-Ен-Ен.



Се наведува дека САД, поради својата позиција, би можеле да ја изгубат поддршката од арапските земји за цела генерација.

Дописот бил добиен во средата од Амбасадата на САД во Оман.

Во документот, цитирајќи „широк опсег на доверливи поединци“, се забележува дека активната поддршка за дејствијата на Израел се гледа во контекст на „материјална и морална одговорност за она што тие го сметаат за можни воени злосторства“.

Телеграмата, според Си-Ен-Ен, ја напишал вториот по ранг функционер во американската амбасада во Оман и била испратено и до Советот за национална безбедност на Белата куќа, ЦИА и ФБИ…

Во друга телеграма до која дојде Си-Ен-Ен од американската амбасада во Каиро е пренесен коментар од државен египетски весник дека „суровоста и непочитувањето на претседателот Бајден кон Палестинците ги надминаа сите претходни американски претседатели“.