Израел: Ја нападнавме Сирија!

Израелската армија објави дека организација во Сирија испалила беспилотно летало чија цел била училиште во јужниот израелски град Еилат, а Израел одговорил на нападот.



Армијата не соопшти која организација во Сирија го испалила дронот кон Еилат, град кој се наоѓа на Црвеното Море на околу 400 километри од најблиската точка на сириската територија.

Но, во соопштението се додава дека тие ја сметаат сириската влада целосно одговорна „за каква било терористичка активност на нејзина територија“.

Во извештаите за нападот со беспилотно летало, кој предизвика мала штета, не се наведува дали има повредени, пренесува Индекс.хр