Меџити: Желбата на Ахмети да го врати Груевски може да биде срамен крај на неговата кариера! – Времето истече за ДУИ, одат во опозиција!

„Враќањето на Никола Груевски во земјава може да биде крај на кариерата на срамен начин за Али Ахмети“изјави лидерот на Демократското движење Изет Меџити во емисијата „Интервју во Шења“. Ова го објави телевизијата на албански јазик „Шења“.



ТВ „Шења“ пишува: Меџити посочи дека ДУИ и Али Ахмети манипулирале со меѓународниот чинител, велејќи дека Груевски мора да се врати, за да се обебедат 80 пратенички гласови за уставните промени, но оваа можност повеќе не е во игра.

„Али Ахмети сака да го врати Никола Груевски овде на бел коњ и да му нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ. Дали размислувале како ќе помине ова во СДСМ, какви последици ќе има? Дали се сигурни дека сите членови на СДСМ се согласни да се спасува Никола Груевски? Може ли ова да го подели СДСМ? Но да го оставиме македонскиот политички табор. Каква цена ќе плати Ахмети пред Албанците со враќањето на Груевски? Дали ова ќе биде за Ахмети крај на неговата кариера на срамен начин?“ – рече Изет Меџити.

Меџити изрази жалење за состојбата, во која западна Али Ахмети, што е, според него, последица на глупоста на првиот вицепремиер Артан Груби. Тој рече дека, за да се смени состојбата на Албанците во земјава, мора да има промени во ДУИ. „Од сега велам дека ДУИ е во историјата. ДУИ сигурно оди во опозиција. Времето истече за ДУИ, но нема да ја одведеме ние во опозиција, туку албанскиот народ.“ – нагласи Меџити.

Зборувајќи за влезот на Алијансата за Албанците во Владата, тој рече дека тие станале дел од власта под изговор да ги направат уставните промени. Но, според Меџити, времето поминало и овој период завршил, а се гледа дека со тврдењето за промена на преамбулата на уставот на крајот ќе испадне дека тие ќе бидат спасителите на Груевски, тој да се врати.