Град Скопје информираше дека , системот за брз автобуски превоз во Скопје доби зелено светло од меѓународните партнери, со што започнува неговата реализација



Проектот за брз автобуски превоз или „автобуско метро“ во главниот град го најави претходниот градоначалник Петре Шилегов, но по стапувањето на новата градоначалничка Данела Арсовска на функција пред две години, проектот беше запрен.

Арсовска за проектот на нејзиниот претходник изјави:

„Од аспект на решението кое што беше презентирано во јавноста како нешто револуционерно, не само што не е револуционерно, туку е и на штета на граѓаните на градот Скопје. Пред се затоа што за тој БРТ превоз, нема одлука од Советот на Град Скопје,“ напиша Арсовска пред две години на својот Фејсбук профил.

Сега во соопштението на Град Скопје се наведува дека „по две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем“, објави РСЕ.

На социјалните мрежи за ова реагираше екс-градоначалникот Шилегов:

Арсовска го победи Шилегов на локалните избори во октомври 2021, со околу 28 илјади разлика. Едно од главните ветувања и беше бесплатен јавен превоз во главниот град. Но на средина од мандатот такво нешто се уште нема, а повеќе од една година скопјани се жалат дека градски автобуси нема, ако дојдат доцнат многу и се преполни.