Европската комисија препорача да се започнат преговори со Украина и Молдавија за влез во Европската унија, а Грузија да добие статус на земја кандидат за членство.



На овој начин, РС Македонија, која е кандидатка од 2005 година, беше престигната од две земји кои дури минатата година добија кандидатски статус.

Причината е што Скопје продолжува да ја одолговлекува промената на уставот со која би се признало постоењето на Бугарите во РСМ, јавува бугарскиот „Сега“.

(…)
„Работата на парламентот на РСМ беше нарушена од политичката поларизација која дополнително се продлабочи, одложувајќи го усвојувањето на многу реформски закони и важни именувања“, напиша ЕК во својот извештај за Македонија.

„Процесот на преговори за пристапување во ЕУ бара широк консензус на главните политички партии. Сите партии мора да почнат да учествуваат во конструктивна и инклузивна политичка дебата за да се зајакне улогата на парламентот“, стои во Изваштајот на ЕК, пренесеува „Сега“.