Станови и гаража на Мијалков продадени за 330.000 евра

Продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, информира, Агенцијата за управување со одземен имот.



Со продажбата на четири недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 20.316.663 денари или 330.350 евра.

Станува збор, како што истакнуваат надлежните, за три стана кои што се наоѓаат на ул. Славејко Арсов, еден од 78м2, два од 73м2 и една гаража од 30м2 на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје”.

Во септември агенцијата успеа да продаде вкупно три одземени недвижности од Мијалков, согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“.