Хамас ја загуби контролата врз северниот дел на Газа, откако илјадници жители се преселија на југ.
Ова вчера го изјави портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел Хагари, цитиран од Ројтерс.
„Видовме како 50.000 жители на Газа се движат од северниот дел на Појасот Газа кон југ. Тие се движат затоа што разбираат дека Хамас ја загуби контролата на север“, рече Хагари. „Хамас ја загуби контролата и продолжува да ја губи контролата на северот.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повика на обединета влада предводена од Палестина за Газа и Западниот Брег по завршувањето на војната, како чекор кон палестинската државност, јавува Асошиетед прес.
Тој став ги продлабочува разликите меѓу САД и нивниот сојузник Израел за тоа како треба да изгледа иднината на палестинските територии по завршувањето на воената кампања на Израел против Хамас.
Изјавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во понеделникот дека израелската војска најверојатно ќе ја задржи контролата над безбедноста во Газа „на неодредено“ се чини дека ја зголеми загриженоста на САД.






