Рекордер: Кочанчанец возел со 5,31 промили алкохол во крвта

Кочанчанец го држи рекордот во Македонија по количина на алкохол во крвта која е откриена од страна на сообраќајната полиција. Тој го возел своето возило со цели 5,31 промили, иако нашиот закон дозволува 0,5. Кочанчанецот и покрај тоа што имал десет пати повеќе алкохол во крвта го возел својот автомобил. За разлика од кај нас, во ЕУ количината која е дозволена е различна. Во некои држави не се толерира алкохол, а во други максималната дозволена количина е до 0,5 промили.



Од МВР велат дека согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата полицискиот службеник на самото место привремено ќе го исклучи од сообраќај и ќе му ја одземе возачката дозвола на возачот, кај кого ќе утврди дека во организмот има алкохол или дека покажува знаци на алкохолно растројство, како и кон возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол.

Европскиот рекорд во пиење го држи Полјак со 13,7 промили алкохол во крв.

Полицијата го нашла човекот онесвестен покрај автопат во Полска. Го однела на лекар и покрај другите испитувања му направиле и алко-тест. Сите биле фрапирани од резултатите, во неговата крв имало неверојатни 13,7 промили алкохол.

По испитувањето лекарите се изненадиле дека пијаниот Полјак е жив.Ова количина на алкохол може многу често да заврши фатално. Пијаниот не се трезнел неколку денови, а се случувало и наместо вода да пие ракија.

Прочитајте повеќе на следниот линк: