Тековните преговори меѓу Атина и Скопје за името биле една од темите на средба помеѓу градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис и амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пјат, во понеделникот.
За прашањето на пЈРМ, како што пренесуваат грчки медиуми, американскиот амбасадор рекол дека по промената во раководството на соседната земја, тајмингот е идеален за дијалог за решавање на прашањето.
Бутарис го информирал амбасадорот за неговите иницијативи за отворање на канали за комуникација со Скопје.





