Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи“, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Лекарите велат дека основците, особено учениците во погорните одделенија и уште помасовно средношколците посегнуваат по енергетските пијалоци затоа што им ја даваат потребната енергија за да го издржат нивниот „работен“ односно училишен ден. А, енергија им недостига бидејќи со часови се затворени или во училиште или дома, најгелмиот дел од денот, па дури и дозна во ноќта го поминуваат со мобилните телефони, и при тоа немаат скори никаква физичка активност.

Во разговор за Фактор, д-р Аспазија Софијанова посочува дека еднократно земање енергетски пијалок и не може да направи некоја сериозна штета кај тинејџерите и младите, но ако тоа помине во навика, како што појаснува професорката, тогаш, енергетските пајалоци може да бидат вистинска бомба за младиот организам.





