На Македонски Железници Транспорт АД Скопје и дава одобрение да ја издаде 4-тата емисија на акции по пат на приватна понуда, одлучи Комисијата за хартии од вредност на својата последна седница. Вкупната вредност на издадените акции ќе изнесува 15,7 милиони евра, објавила Комисијата во своето соопштение.

„Со четвртата емисија, Друштвото ќе издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција. Вкупната продажна вредност на емисијата e 962.913.000 денари – 15,7 милиони евра -н.з.). Друштвото издава хартии од вредност заради зголемување на основната главнина, односно заради создавање услови за непречено функционирање. Приватната понуда е наменета за познат купувач, постојниот единствен акционер – Влада на Македонија, како институционален инвеститор“, се вели во соопштението под КХВ.
Железници Транспорт е најголемиот државен должник, со досепаени а неисплатени обврски од над 65 милиони евра.





