Спикерот на парламентот им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова година да го договорат датумот за избори.
„Политичките партии, кои се застапени во Собранието, имаат можност до Нова година да си најдат консензус во однос на двата термина за избори“, прецизира Џафери.
По овој рок, како што рече, мора да постапи во согласност со уставните обврски и да ги распише изборите.
Пред новинарите во Форино, Џафери објасни дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето што го пропишуваат уставот и законите за да се организираат изборите.







