Изграден е угостителски објект за организирање свадбени прослави со решение на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко на простор наменет за градење затворена спортска сала на крајбрежјето на Охридското Езеро иако за тоа нема детален урбанистички план, дознава СДК.
Објектот „Аполонија“ е изграден пред повеќе од 4 години на само 20 метри од Охридското Езеро, каде и не може да се донесе ДУП со кој би се предвидело да има таков угостителски објект, ниту пак има Генерален урбанистички план (ГУП) според кој просторот би имал намена исклучиво за плажа, спорт и рекреација.
Според на САКАМДАКАЖАМ.МК Ова е случај кога локалната власт ги изигрува законите и дозволува изградба на ресторан со решение за изградба на спортска сала, затоа што согласно Законот за градење, не е потребно одобрение за градење на спортски сали со бруто развиена површина од 1.500 метри квадратни, пишува СДК кој имал увид во пријавата што ја доби преку алатката Пријави корупција.
Според пријавата, целото крајбрежје е узурпирано и изградено со дивоградби од лица блиски до локалната власт кои немаат соодветни одобренија за градење, немаат важечки договори за концесија и немаат обврска да плаќаат никакви надоместоци кон Општината.






